Курир го повлече текстот со лажната вест за министерот Николовски

Порталот Курир кој важи за близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повлече текстот во кој беше објавена лажна вест поврзана со наводен роднина на министерот Николовски кој наводно бил фатен во шверц.

Во истиот текст немаше никакви информации кој е фатен, каде е фатен, со што е фатен, туку само бомбастичен наслов за да привлече внимание и ја замајува јавноста, а со тоа и се направи обид да се дискредитира министерот Николовски.

Николовски, веднаш испрати остар демант и за изнесените невистини најави тужби против медиумите кои ја објавиле лажната вест.

И-портал дознава дека против Курир, Инфомакс и останатите портали, тужбите се веќе подготвени и веднаш ќе бидат поднесени.

kurir

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e