Купишта ѓубре по дочекот на ракометарите

Скопскиот аеродром и улиците низ градот останаа затрупани во ѓубре по синоќешниот дочек на ракометарите кои се закитија со европско злато во Лигата на шампионите. Илјадници љубители на ракометот со часови ги чекаа шампионите да слетаат на скопскиот аеродром, а потоа со колони возила се упатија кон Плоштадот ,,Македонија” каде се славеше до доцна во ноќта.

По социјалните мрежи освен зборовите на среќа и поддршка, денес се споделуваат и фотографии од изгледот на градскиот плоштад по прославата.

„Фино што Шилегов и Град Скопје ја финансираа прославата за Вардар, од пари на сите граѓани, видовме уште еднаш колку сме поделени. ВМРО може да биде задоволно. Со менталитетот што правиме бе патриот?“ – праша новинарката Емилија Лазаревска на својот ФБ профил споделувајќи фотографии од купот ѓубре и отпадоци.62196573_2325265227728422_239139716002217984_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e