Куќата и нивата во струшкото село Ливада на лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, не се доволна гаранција за Абдулфета Алими – обвинет за 27 април, да излезе од притвор и да се брани од слобода, па Судот ја одби гаранцијата.
Абуделфета Алими е еден од 30-те обвинети за „крвавиот четврток“ лани во Собранието, каде тој беше како дел од собраниското обезбедување. Од друга страна, пак, тој е еден од спасувачите на Села кој беше крвнички претепан, најпрво во прес-салата, а потоа изнесен од таму до бифето на приземјето во собраниската зграда. На 27 април, Алими го евакуирал по лидерот на Алијансата на Албанците од приземјето до канцеларија на третиот кат, а потоа учествувал и во неговото изнесување од Собранието до полициското возило со кое Села бил пренесен во болница, пренесе Плусинфо.
На Алими првпат му беше определен притвор во декември 2017 година. За да излезе од таму и да се брани од слобода, прво неговото семејство како гаранција ја даде семејната куќа во селото Оризари во Општина Липково. Откако тоа беше одбиено, Села ја дополни гаранцијата со неговата куќа и нива во Ливада.