Куќа и автомобил на свое име – каков имот пријавил Спасовски до Антикорупцска

Новиот технички премиер Оливер Спасовски во рок од 30 дена треба да достави нов анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција.

Во анкетниот лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал министер во 2017 година на свое име пријавил куќа во Куманово од 309 метри квадратни, проценета на 7,3 милиони денари, стекната како подарок, објави еМагазин.

Вози Пежо 307, а на свое име пријавил и уметнички и колекционерски предмети, проценети на 260 илјади денари.

Има и кредит од 600 илјади денари, кој треба да го отплати годинава.

На име на родителите пријавил земјиште во Куманово и Старо Нагоричане, шума од 37 илјади метри квадратни во Старо Нагоричане, проценета на 4,2 милиони денари и куќа од 60 метри квадратни во Куманово, проценета на 1,2 метри квадратни.

На име на родителите пријавил и Шкода Фабија и машини и друга опрема.

На свое име и на име на родителите пријавил денарски платежни картички.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e