Вчера околу 00:50 часот во Скопје на булeвар „Борис Трајковски“ лицата Д.И. (41) и Д.С.(25), двајцата од Скопје, физички го нападнале А.Б. (41) исто така од Скопје.
Кога А.Б отишол кај Д.И. со намера да разговара и побарал помош, Д.И. ја затворил вратата, при што го искршил стаклото од истата. После тоа А.Б. си заминал, но лицата Д.И. и Д.С. почнале да го бркаат и на булевар „Борис Трајковски“ го стигнале и почнале да го удираат со раце и метален предмет, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило и исекотини на носот, информираат од МВР.
А.Б. бил однесен во Ургентен центар каде му биле констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.