Апелациониот суд во Скопје го пушти да се брани од слобода и Крсто Мукоски, последниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој беше во куќен притвор за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017. Ова е конечна одлука, па од денеска Мукоски може да оди на работа и да присуствува и гласа на собраниските седници. На Мукоски му е одземен пасошот како мерка на претпазливост од бегство и ќе мора еднаш неделно да се јавува во Основниот суд во Струга, бидејќи е со живеалиште во Вевчани.
Муковски може да оди на седница на собранието каде ќе се гласа за уставни измени.