Кривична за директор на делчевското јавно претпријатие. Фирмата ја оштетил за 3,7 мил. денари, утврдила финанскиската истрага во претпријатието.
Споредбата на документите, покажала дека работата со тендерите на директорот со иницијали В.Ц. не му одела добро, па тој пари за вршење на работи за претпријатието, давал без да спроведе постапка за јавни набавки.
Вкупно, од сметката на Брегалница во текот на 2014 година, на други фирми исплатил 3,7 милиони денари, за што ќе одговара за злоупотреба на службената положба и овластување.
Инаку, од пред неколку месеци, директорoт повеќе не е на функцијата прв човек на јавното претпријатие и таа функција сега ја извршува друг раководител. – објави телевизија Стар.
За поврзани вести продолжете надолу