Кралски третман за автомобилите на Иванов, над 80 илјади евра за три години за сервисирање

Последниве три години од кабинетот на претседателот издвоени биле над 80 илјади евра за одржување на службените автомобили. Во 2014 година, за сервис на 7 автомобили издвоени се 1.416.000 денари или 23 илјади евра. Меѓу сервисираните автомобили има и постари од 9 години.

КИА Соренто, 2006

МЕРЦЕДЕС Е класа, 2001

ПАСАТ, 1998

ДАЧИА Логан, 2005

ФОРД Мондео, 2012

ФОРД Мондео, 2012

Освен промената на масло, филтри, сопирачки, што претставува редовен сервис на автомобилите, на тендер имало барање за промена на секој дел од возилото, вклучувајќи го и резервоарот за бензин како и копчето за вклучување на трепкачи.

Иста компанија ги сервисирала возилата и во 2015 година. Станува збор за приватна компанија која е ангажирана неколку години по ред. Го добила тендерот во 2015 година со најниска понуда од 0,001 денар, но вредноста на тендерот на крај достигнала вредност од 1.180.000 денари или 18.178 евра. Кралски третман добиле и возилата Нисан Кашкаи и Форд Транзит. Иако се додадени уште две возила за сервис, цената во 2015 година била пониска за 298 илјади денари.

Во 2016 година од државниот буџет биле потрошени 2.365.100 денари или 38.456 евра, за репарирање на истите автомобили. Овој пат, повисоката цена е логична со оглед на тоа дека на листата се нашле уште три други автомобили.

Двата најскапи автомобили на листата за сервисирање се од марката ФОРД Мондео, 2012 година. Врз основа на цените на официјалната страна на Форд Македонија, за детален сервис потребни се околу 80 илјади денари. Имајќи предвид дека автомобилите се сервисирани редовно секоја година, тогаш не е потребна промена на секое делче.

ТВ21 се обиде да контактира со претставник од кабинетот на Претседателот, кој што бил воедно ангажиран за тендерите, но од таму не добивме одговор.

На интернет страната за јавни набавки нема податоци за изминатава година, а од кабинетот на Претседателот и годинава објавиле тендер за одржување и сервисирање на автомобилите. Кој ќе го добие тендерот, ќе се знае по два дена.

ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e