Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски утре, на 13 јуни 2022 година, во Истанбул ќе предводи владина делегација на средба со претседателот на Република Турција – Реџеп Таип Ердоган, во рамките на неговата работна посета.
„Средбата на премиерот Ковачевски со претседателот Ердоган е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да се разговара за повеќе билатерални прашања од интерес на двете земји“, се вели во најавата од Владата.