Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето, истакна премиерот Димитар Ковачевски.
Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците, посочи Ковачевски.
Ковачевски очекува уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата.
„Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните“, нагласи Ковачевски.