Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината, зајакнување на економската соработка и односите меѓу народите на Балканот. Компаниите и граѓаните на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Верувам дека оваа иницијатива ќе се проширува, зацврстува и ќе придонесе кон економски стабилен и развиен Балкан, порача денеска лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој заедно со премиерот Зоран Заев се присутни на денешниот Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана каде се потпишуваат повеќе мултилатерални и билатерални договори:
