Денешниот состанок е прв од низата средби преку кои го започнуваме и водиме широкиот консултативен процес со нашата јавност, напиша на својот профил премиерот Димитар Ковачевски по средбата со владините партнери.
-Предлогот го гледаме како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме и за кои Собранието усвои консензуална Резолуција. Процесот за носење конечна одлука е транспарентен и ние ќе споделиме и со јавноста релевантни детали. Целиот предлог е објавен на веб-страната на Владата. Но, од нас најмногу зависи како ќе тече и во која насока ќе се движи тој процес.Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, согласно стратешките интереси на земјата и на сите граѓани, напиша Ковачевски.