Ковачевски од Брисел: Мојот народ мора да се почитува

Францускиот предлог каков што е во моментот е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Република Северна Македонија. Мојот народ мора да се почитува, кажа премиерот Димитар Ковачевски од Брисел кде што се одржува ЕУ Самитот.

-Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори.Сакам да ја искористам оваа прилика и да порачам дека граѓаните на Северна Македонија може да се спокојни. Ние секогаш ги имаме во прв план стратешките интереси и цели на државата. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение. Ние направивме сѐ, сега ЕУ е на потег, стои во објавата на премиерот на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e