Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 јасно порача дека парламентарни избори ќе има во 2024 година, заедно со претседателските.
„Ние имаме Влада која има целосен легитимитет, поддршка од Собранието. Избори ќе имаме во 2024 година, и претседателски и парламентарни“, вели Ковачевски.