Во обраќање до македонските граѓани, премиерот Димитар Ковачевски истакнува дека антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет со којшто се гордееме.
„Од првиот ден на мојот мандат како премиер, реков дека не отстапувам од тоа разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија да се водат достоинствено и во духот на европските вредности. Кон оваа определба се придржувавме цел овој период. Реализиравме конректни заеднички проекти, ги подобривме односите и го намаливме говорот на омраза.
За жал, со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме. Оттука, целосно го разбирам и чуствувам гневот на граѓаните во изминатите денови.
Нашата држава ја стекна својата независност по Втората светска војна во која граѓаните учествуваа во антифашистичката народно ослободителна војна. Антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет со кој се гордееме во демократска Европа.“ вели Ковачевски во денешното обраќање до нацијата.
