Вистината секогаш победува. Пратеник кој ги лаже граѓаните не може да ги претставува, фатен во сопствените лаги треба да се извини и да се повлече.Според последните информации објавени во медиумите, покрепени и со документи, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антинојо Милошоски, бил осуден за сторени кривични дела во Германија. – порача денеска на прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
Осуден од суд во Ахен и казнет со парична казна за сторените дела.Според објавениот документ еден од основите за казната се однесуваат на „кражба и злоупотреба на мала вредност“ и „придобивки со измама“, согласно германското законодавство.Наместо да излезе пред јавноста, да одговори, Милошоски се обиде да се сокрие зад социјалните мрежи и несмасно да обвинува други за шпекулации.Неговиот шеф, Христијан Мицкоски, исто така се криеше од јавноста.Но, вистината како што реков исплива на виделина, излегоа документи кои го потврдуваат скандалот.- вели Костовски.
Антонијо Милошоски, докажаниот извор на лажни вести, и близок соработник на Мицкоски е фатен во нова лага.
Ова е крајно нечесен однос од ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Ништо не се менува во оваа партија, се уште заробена во криминалната режимска матрица.Ова е скандал кој целосно ги потопува Милошоски и Мицкоски, но и го нарушува меѓународниот углед на земјава. – оценува пратеникот.
Граѓаните знаат дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови. А Милошоски ја злоупотребува собраниската говорница за да шири лажни вести, го девалвира Собранието и ја срамоти државата.Политичарите имаат обврска и одговороност пред граѓаните и затоа Милошоски треба да се извини и си поднесе оставка. – заклучува Костовски.