Костовски: Мицкоски се обиде да ја ослабне државната позиција со Бугарија, но не успеа

Преку лажни вести, дезинформации и деструкции Христијан Мицкоски се обиде да ги ослабне државните позиции во односите со Бугарија, порача денеска на прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Мицкоски лично присуствуваше на Конгрес на Европската народна партија каде премолчено се согласи на Резолуција која ги промовираше бугарските позиции.

Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека со решавањето на прашањето со Бугарија ќе се загрозел идентитетот и јазикот, ја плашеа јавноста дека народот ќе се асимилирал а државата ќе се бугаризирала.

Со таквото срамно однесување, Мицкоски се обиде да ги наруши државните позиции и националните интереси.

За среќа, таквите негови обиди пропаднаа.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски во решавањето на спорот со Бугарија, се водат исклучиво од националните интереси и црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена во македонското собрание.

За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема да има никакви преговори со кого било.

Откако не успеа обидот на Мицкоски да ги сруши државните позиции време е тој да смогне сили и да им се извини на граѓаните.

СДСМ како и досега продолжува да бара решенија за евроинтегративниот процес, со целосна заштита на македонскиот идентитет, јазик и посебност, рече Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e