Костовски: Мицкоски по нови инструкции за референдум кај Груевски

Денеска видовме дека Мицкоски повторно е во Будимпешта веројатно по нови инструкции од неговиот ментор Груевски, а со единствена цел како да се однесува во овој момент поврзано со барањето за референдум. Мицкоски и Апсиев не успеаја во нивните намери, нивните лаги и црни сценарија пропаднаа. Сега се излоирани во обидите да се создадат нови пречки на европскиот пат на државата. Причините за тоа треба да си ги бараат кај себе. – рече денеска Мартин Костовски, пратеник на СДСМ во одговор на новинарско прашање.

Цениме дека можеби оваа тематика е само за кулоарите на ВМРО-ДПМНЕ и единствено за внатрешна употреба на ВМРО-ДПМНЕ во нивата бела палата, можеби имаат прашање и што ќе биде со можниот референдумот што ќе биде со изборот за новиот претседател во ВМРО-ДПМНЕ, односно за определени членови во нивниот Извршен комитет?

Се што кажа Мицкоски излезе обратно, нема бугаризација, нема асимилација, почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и зачуван идентитет. Никој не му е виновен на Мицкоски што ги лажеше граѓаните, своите членови и другите партии. Никој не му е виновен што неговите пратеници не гласаа во Собранието, ниту што ги тераше да потпишуваат правно неважечки изјави на нотар, вели Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e