Костадинов: Правиме задолжувања за да ги вратиме долговите од власта на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов на вечершната дебата во емисијата Топ тема изјави дека актуелната влада прави минимални задолжувања и тие се со причина да се вратат долговите кои ги направила претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Се задолжуваме за да ги вратиме долговите на ВМРО-ДПМНЕ со помала камата. Еврообврзниците кои ги правела претходната власт се со лихварска камата. Во 2008 година земени се 500 милиони евра еврообврзница со камата од 10 отсто. Оваа влада сега зема еврообврзница со камата од 2.8 отсто. Имаме домаќинско работење затоа и добиваме поволни камати, вели Костадинов.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година ја преземала владата со 25 отсто долг на бруто домашен производ, за да во 2016 година на крајот да заврши со 50 отсто. Според Костадинов тоа е поради лошото работење на тогашната Влада и проектите како Скопје 2014.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e