СДСМ продолжува со вистинска грижа за најранливите категории, продолжува со унапредување на системот за социјална заштита. – проача денеска на прес-конференција, Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ.
Усвоени се измените на Законот за социјална заштита, со кои границата за лична асистенција се спушта од 18 на 6 години.
Секое дете со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете ќе може да добие личен асистент веќе со навршени шест години.
На овој начин ќе се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности и тоа заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, активности кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.
Со овие законски измени се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец.
Го поттикнуваме личниот и образовниот развој на децата и им помагаме на родителите во секојдневната грижа за нив.
За нас, детската и социјалната заштита се врвен приоритет.
Затоа носиме решенија кои го олеснуваат животот на граѓаните, но и обезбедуваат еднакви шанси за личен и образовен развој на секое дете.
Како партија посветена на интересите на граѓаните, продолжуваме да ги следиме нивните потреби и барање и да носиме мерки и политики што го унапредуваат нивниот квалитет на живот.