Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против концептот едно општество за сите, концепт што граѓаните силно го поддржаа на последните неколку избори.
Криминалната ВМРО ДПМНЕ позната по 11 годишното криминално владеење и беззаконие, денес, повторно повикува на непочитување на законите во државата.
Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите.
Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и е сериозен придонес во градењето на концептот едно општество за сите граѓани во кој СДСМ цврсто верува, потенцира портпаролот на СДСМ, Костадинов.