Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадион истакна дека собранието е деблокирано и граѓаните и компаниите ќе ја добијат поддршката од државата.
УСПЕАВМЕ!, напиша Костадинов.
„Интересот на нацијата за мене и моите колеги секогаш бил на прво место.
Моите колеги од СДСМ и коалицијата направивме се и го деблокиравме собранието, граѓаните и компаниите ќе ја добијат поддршката од државата.
За жал ја видовме и темната страна на државата, видовте почитувани граѓани какви им беа намерите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие да земаат огромни пари и плати и патни трошоци, за да не работат ништо, за да блокираат, за да сеат омраза, за да не поделат.
Ова нека биде школо за сите наредни избори, никако да не ги гласате овие неспосбни од ВМРО-ДПМНЕ.
Ветивме дека ќе направивме се за да го деблокираме Парламентот и тоа го реализиравме.
Борбата против неработниците и неспособните од ВМРО-ДПМНЕ продолжува.
пс. За жал тројцата неработници од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица не чинат 2.000.000 (два милиони) само за патни трошоци до сега…“, нагласи Костадинов.
