Апсолутно не станува збор за никаква цензура, нашите политики во однос на слобода на говорот, можат да се видат и низ призмата на извештаите на Репортери без граници, каде што Република Северна Македонија има отскокнување за 15 позиции кон позитива. – рече денеска Костадин Костдинов, потпарол на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање.
Тоа укажува на третманот на оваа Влада предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија со коалицијата, кон медиумите, кон новинарите.
Не може ВМРО-ДПМНЕ, кое што затвораше медиуми, не може ВМРО-ДПМНЕ, чиј што лидер и поранешен премиер беше и главен уредник во вестите, да зборува за новинарството. Таму каде што не можеше правеше притисок.
Знаеме, а вие новинарите најдобро знаете, каков беше односот за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, кон новинарите и кон медиумите.