Костадинов: Платите на вработените во градинките повисоки за 16% – го унапредуваме системот на детска заштита

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат подобар живот и повеќе пари за граѓаните. Платите продолжуваат да растат. – порача на денешната прес конфернција Костадин Костадинов, потпарол на СДСМ.

Со исплатата на јунската плата, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 отсто што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.

Тоа значи дека над 3.100 лица вработени во градинките односно воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст добиваат значително повисоки плати.

Истовремено, поголеми плати добива и помошно техничкиот персонал во градинките, покачување што е усогласно со Колективниот договор.

Со планираното покачување од 5 отсто во септември годинава вработените во детската заштита ќе добијат уште едно зголемување со што вкупното покачување на платите ќе биде 21 отсто што е најголемо до сега.

Во изминатите две години спроведовме низа мерки што ја унапредуваат детската и социјалната заштита. За само две години отворени се 24 нови градинки, а досега се обезбедени 1.400 согласности за вработувања во градинките.

Како одговорна партија продолжуваме да вложуваме во подобрување на условите за работа во детската заштита и реализација на мерки за унапредување на раниот детски развој којшто е клучен за понатамошниот развој на секое дете. – рече Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e