Костадинов: Перцепцијата на граѓаните за корупција ќе се менува по секоја следна судска одлука

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов ги коментираше барањата од ВМРОДПМНЕ за оставка на Владата поради последниот извештај на Транспаренси Интернешнл, според кој Македонија во однос на корупцијата е најлоша уште од 2001 година, откако во нашата држава се мери индексот на корупција.

Секако дека важни се таквите извештаи, тие практично ја претставуваат перцепцијата на граѓаните во однос на бербата против корупцијата. Сведоци сме сите дека 11 години корупцијата навлезе насекаде на нашето општество. Граѓаните очекуваат силна борба против корупцијата и секако очекуваат судски разрешници, но ние и граѓаните сме сведоци за режимските инсталации во сите нивоа од правосудниот систем. Точно е граѓаните имаат лоша перцепција кога гледаат дека најголемата опозициска партија го опструираше носењето на законот за јавното обвинителство. Кога гледаа граѓаните како се бореше ВМРО-ДПМНЕ во однос на заштитата криминалците во нивната партија и токму поради овие причини борбата против корупцијата во акција 21 планот е ставен многу високо во агендата. За спроведување и конечната борба против корупцијата особено ни е важно чисто и професионално судство и обвинителство. Најавивме прочистување на судството тоа и се случува. Јас сум убеден и верувам дека како Собрание поставуваме добра основа да правосудните органи одлучуваат растеретени од било какви партиско -политички притисоци и верувам дека тоа ќе се потврдува и перцепцијата на граѓаните ќе се менува по секоја наредна судска одлука, рече Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e