„На 12 април ќе се судрат два концепти, едниот прогресивен и предводен од СДСМ кој значи напредок, економски раст, поголеми плати, повеќе пари кај граѓаните. И вториот, деструктувен, кој се залага за обнова на режимот и обнова на криминалот, предводен од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
„Суштинската разлика помеѓу одговорните политики и мерки на СДСМ и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и преку конкретни бројки и показатели“, посочува Костадинов.