Костадинов: Мнозинството во Собранието е стабилно, ќе пропаднат сите неосновани интерпелации на ВМРО-ДПМНЕ

-Ние секојдневно укажуваме на фактот дека единственото нешто што го прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во обид да задржат некаква хармонија во партијата е со пласирање на таквите лажни вести и поднесување на неосновани интерпелации.
Знаеме веќе, сведоци сме во јавноста три години најавуваа дека имаат парламентарно мнозинство, еве најавуваа и пред некоја недела, но видовме дека првата интерпелација којашто беше за вицепремиерот Димитров помина неуспешно.
Јас тврдам дека мнозинството во парламентот е стабилно и таквите иницијативи на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе пропаднат. – рече денеска Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ во одговор на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e