„Пораката на Мицкоски е дека одлуката да го блокраат нашиот почеток на преговорите со ЕУ е исправна! Цела Европа, цел свет вели дека тоа е историска грешка, само Христијан Мицкоски дека „Макрон е во право кога не блокираше“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
„Христијан Мицкоски е единствениот кој се радува што ЕУ направи историска грешка и не додели почеток на преговорите со ЕУ. На сите им е јасно дека одработевме се што беше потребно, дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми на Унијата, само Христијан Мицкоски делува против државата“, посочува Костадинов.