Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов го оствари своето право на глас на првите внатрепартиски избори во државата.
СДСМ е партија која се менува, се демократизира, поставува високи критериуми во политичкото делување, истакна Костадинов.
„Зоран Заев човекот кој ја промени СДСМ на подобро.
Човекот кој сруши режим, ќе ја има честа повторно да го води нашиот СДСМ.
Денес сум горд социјалдемократ!“, посочи Костадинов.