„Поради несериозно и неодговорно однесување на Ѓорге Иванов, 20 македонски амбасади ширум светот се без амбасадори. Лондон, Брисел, Рим, Прага, Стокхолм, постојаните мисии при ОБСЕ во Њујорк, Женева и Виена се само дел од дипломатско-конзуларните претставништва што немаат амбасадори. Оваа евидентна блокада на назначувањата на амбасадорите е уште една потврда дека Иванов работи спротивно на интересите на граѓаните ѝ нанесува штета на државата“, изјави Костадинов.
Тој додаде дека Иванов ја запира дипломатската мрежа во клучните моменти, кога се прават вистински чекори за целосно интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ.
„Ѓорѓе Иванов мора да престане да го блокира процесот на назначување амбасадори и тоа веднаш. Угледот на државата и ефикасноста на македонската дипломатија недозволиво е да трпат штети поради неговото деструктивно однесување“, вели пратеникот од редовите на СДСМ.