Костадин Костадиновски, портпаролот на СДСМ вечерва е гостин во вечерашната дебата на телевизија Телма со Илија Димовски од ВМРП -ДПМНЕ. Костадинов на Димовски му кажа дека утрешниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во кој бараат правда во државата, е нарачан од страна на експремиерот Никола Груевски кој e во бегство во Будимпешта.
-Се крена телефонот од Будимпешта, и наеднаш Мицкоски прави марш за правда. Тоа се тие контра-протести кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше додека беше на власт. Извршителот Мицкоски продолжува по насока на Груевски од Будимпешта. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, истата режимска матрица има единствено за цел заштита на криминалот и криминалците со очајнички обид, марш за „неправда“ за да се спасат. Не, нема да се спасат, вели Костадиновски.