Костадинов: Ако се дрзнува да лаже за своето образование, колку ли Мицкоски лаже за политика? (ВИДЕО)

„Уште еден ден без одговори од Христијан Мицкоски за неговите лаги, за лажната магистратура, за лажниот докторат, наводно стекнати во Италија и Германија. На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски кажа дека бил магистрант и докторант во Германија и Италија. Сега никаде го нема, молчи, се крие“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Секој ден го повикуваме да каже зошто ги лажеше граѓаните, зошто го лажеше премиерот Борисов. Фактите потврдуваат, Мицкоски. Ова е рефератот, Извештајот од изборот на Христијан Мицкоски за професор на Машинскиот факултет во Скопје, објавен во Билтенот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. На ниту едно место во овој документ, ниту во биографските податоци, ниту во која било биографија на Мицкоски не стои дека тој магистрирал и докторирал во Германија и Италија“, посочува Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e