Eкспертот за односи со јавност, Коста Петров ќе биде нов потпретседател на СДСМ, брифираат од партијата. На денешната седница на Централниот одбор на СДСМ, Заев ќе именува нови потпретседатели откако претходно побара оставка од тогашните потпретседатели Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Благој Бочварски.
Покрај Петров извори од партијата брифираат дека за потпретседатели повторно ќе бидат именувани и разрешените Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири, како и Нина Ангеловска ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“.