Конференција на иднината во Сунио

Министрите за надворешни работи на балканските земји членки на ЕУ, на државите кандидати за членство, како и земјите од вишеградската четворка, седнаа на заедничка маса на конференцијата за иднината на Европа, што претпладнево започна во местото Сунио во близина на Атина.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во обраќањето пред неговите колеги се осврна на насловот на конференцијата „Иднината на Европа“ велејќи дека за земјите кандидати за членки во ЕУ од Балканот, „иднина“ и „Европа“ се два збора синоними.

На конференцијата за иднината на Европа во Сунио, освен Македонија и домаќинот Грција, учествуваат и министри од Словачка, Унгарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Полска, Романија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Чешка и Косово. На маргините на конференција, се очекува министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров да одржи повеќе билатерални средби.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e