„Сообраќајното уредување во центарот со подземна сообраќајница и нови 240 паркинг места, како и реализација на трите влезови во Битола ќе бидат реализирани во првите три години од мојот мандат“ кажа кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски на дебатата на МТВ.
Тој потенцираше дека овој проект, со кој се решава градскиот сообраќај и се ослободува градскиот плоштад Гоце Делчев ќе чини четири милиони евра.
„Посебната сообраќајница и паркинг ќе овозможат континуиран проток на возило, а плоштад ќе биде хортикултурно уреден и ќе имаме цело време во сите сезони пешачка зона. “ кажа Кондовски.
Тој додаде дека во неговиот план е изградба и на седум кружни токови низ Битола, кои ќе чинат 10 милиони и 500 илјади евра.
