Вo Вторник или среда пратениците на пленарна седница ќе одлучучаат за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Ова следува по денешната седница на комисијата за избор и именувања на која едногласно, без дискусија пратениците со 13 гласа за му предложија на Собранието разрешување на Јанева.
Зад затворени врати, нешто помалку од 1 час, пратениците на комисија дадоа зелено светло Јанева да биде разрешена поради нестручно, несовесно и незаконско работење.
Комисиската расправа почна со кавга меѓу пратениците. Пратеникот од СДСМ побараа изземање на претседателот на Комисијата, Илија Димовски.
Костадинов побара наместо Димовски комисијата да ја води Зоран Илиоски кој е негов заменик, а исто така е и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Димовски – одговори обврските на пратениците произлегуваат од граѓаните, но и доколку се следи неговиот предлог лично тој, но и други членови на Комисијата од пратеничката група на СДСМ би требало да бидат изземени поради сомнежи за вмешаност во случајот „Рекет“.
Комисијата со која претседава Димовски е првиот собраниски филтер за разрешување на Јанева. Комисискиот предлог ќе биде разгледан и на пленарна седница. По претходна согласност на четирите партии со најголем број пратеници и со двотретинско и Бадентерово мнозинство, Парламентот треба да утврди формален предлог за разрешување на Јанева, кој потоа повторно се враќа на конечно одлучување во Советот на обвинители Според најавите од кабинетот на Џафери, оваа точка ќе се најде на наредната пленарна седница, најверојатно во втроник или среда. На пленарната нема да се расправа за извештајот на советот на ЈО туку само за заклучокот на комисијата.