Комисија од министерството за здравство ќе го истражува случајот со смртта на 31-годишната родилка од Кичево која почина за време на породувањето во приватната болница „Санте плус“. На починатата ова и била прва бременост.
Смртта настапила кога почнала процедурата за царски рез, односно причина биле компликации при дишењето. Нејзиното дете се наоѓа на интензивниот оддел на детската клиника во Скопје. Од Клиниката за детски болести каде што се наоѓа бебето на починатата родилка велат дека, здравствената состојба му е стабилна, прима терапија и се уште е на респираторни апарати.