Правниот застапник на Зијадин Села, на денешното судско рочиште изјави дека претседателот на Алијансата за албанците, бара половина милион евра за материјална и нематеријална оштета од обвинетите, кои на крвавиот четврток во Собранието, на 27 април се обидоа да го убијат.
Материјалната оштета се однесува за лекувањето, додека нематријалната е за претрпената лична болка и претрпен страв.