Кој сој на коронавирус е поопасен? На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговор даде д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при „Жан Митрев Клиник“ и „Био инженеринг ДОО“.
Тој вели дека вуханскиот сој многу кратко време сме го имале во Македонија.
„Затоа што кога вуханскиот сој влезе во Европа, се претвори во еден нов сој, со многу побрз пренос некаде крај на јануари или во февруари, и во Македонија кога ги секвенциониравме првите геноми утврдивме дека сите десет пациенти, со кои стартувавме, ја носат таа мутација која води до зголемена преносливост“, посочува д-р Кунгуловски.
Д-р Кунгуловски вели дека за него најопасен вирус е оној кој најбрзо се пренесува.
„Бидејќи и да има ниска смртност, доколку се пренесува побрзо ќе зголеми, односно ќе инфицира повеќе луѓе, а колку повеќе луѓе се инфицирани – толку ќе имаме смртни случаи“, додава д-р Кунгуловски.
