Кој и со што им се заканува на разрешените од ВМРО-ДПМНЕ?

МВР ја следи состојбата со заканите упатени кон пратеници и функционери од редовите на опозицијата и презема соодветни мерки – велат од министерството за Канал 5.
Од таму потврдуваат дека актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев има пријавено закани, но без конкретен одговор на прашањето дали на Јанчев му е доделена дополнителна безбедносна заштита.

-М.Ј. има пријавено закани и Министерството за внатрешни работи врз основа на направена безбедносна проценка презема соодветни мерки во врска со тоа. За сите лица кои добиваат закани се преземаат соодветни мерки и активности од страна на МВР. Министерството за внатрешни работи ја гарантира безбедноста на пратениците односно на сите граѓани и презема соодветни мерки за тоа, соопшти МВР.

Јанчев кој неодамна беше разрешен од позицијата потпретседател на најголемата опозициска партија, вчера кажа дека е подложен на константни закани по неговиот живот и животите на членови од неговото семејство, за кои истакна дека соодветно ги пријавил во полиција.

-Смртни закани добивам јас, но и членови на моето семејство. Сите закани ги имам пријавено во полиција. Пред референдумот имав закана дека ако излезам да гласам наскоро ќе се сретнам со мојот татко, кој е покоен, вели Јанчев.

Покрај Јанчев, на закани по животот се пожалија и дел од функционерите и пратениците од редовите на опозицијата, кои гласаа на референдумот. Додека пратениците кои го дадоа гласот за уставните измени во законодавниот дом и кои од пред неколку дена формираа нова пратеничка група, за истата причина добија дополнително полициско обезбедување. Од МВР велат дека до сега поднеле кривични пријави четири кривични пријави за закани преку социјалните мрежи, а во постапка се уште неколку други.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e