Кој се’ ќе биде дел од кабинетот на Пендаровски?!

Вчерашната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, ги најави сите луѓе на претседателот. Универзитетскиот професор Александар Спасов кој работи и како надворешен соработник за јавни политики во Владата и поранешната новинарка Катерина Цаневска Арсовска, која е вработена во кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери беа двајцата присутни на средбата со Жбогар. – пренесува 1ТВ.

Во новиот кабинет на Пендаровски најверојатно ќе има место и за дипломатот од кариера Виктор Димовски, актуелен државен секретар во Министерството за надворешни работи. Најверојатно столче во претседателскиот кабинет обезбедила и универзитетската професорка Ана Чупеска која беше дел од изборниот штаб на Пендаровски. – претпоставува 1ТВ.

А името на актуелниот портпарол на Владата, Миле Бошњаковски пак се споменува како нов шеф на кабинетот на Пендаровски. Тој за 1ТВ преку смс порака кусо информираше дека за сега нема ништо официјално што би можел да го сподели со медиумите.

А според изборните ветувања на Пендаровски во неговиот кабинет ќе има вработени од сите етнички заедници.

Токму во таа смисла во јавноста се’ погласно се споменува името на граѓанската активистка за правата на бегалците Мерсиха Самиловиќ.

-Прв пат од вас медиумите слушнав за мое евентуално ангажирање во претседателскиот кабинет. Никој од таму до сега не ме контрактирал. Поради учеството во спотот на нашата претставничка на Евровизија, Тамара, морав да потпишам изјава со која се обрврзувам дека на ниту еден начин нема да учествувам во било која изборна кампања, изјавила´ во телефонски разговор за 1 ТВ Самиловиќ.

Според законот, претседателот на државата има девет советници. Двајца за меѓународна политика, двајца за внатрешна политика, по еден за протокол, одбрана и безбедност, воени прашања и меѓунацонални односи. Во кабинетот на претседателот работи и неговата десна рака, аѓутантот.

Во корист и во име на претседателот работат и два совети и четири комисии кои исто така се дел од неговиот кабинет.

Откако медиумите утрото објавија дека на официјалната страница на претседателот се’ уште стоеше името на Ѓорге Иванов доцна попладнето, беше сменето името на државата и името на новиот претседател. Сепак официјалната веб страница не беше во употреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e