Кој ќе го замени Груевски во Собранието?!

Се повеќе се зборува за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер и актуелен пратеник Никола Груевски. Сепак, нему може да му пресудат исклучените пратеници, бидејќи за да му се одземе имунитетот на Груевски е потребно 2/3 мнозинство.

Барањето за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ е пратено до комисијата која одлучува за мандатни и имунитети прашања која треба да се произнесе по однос на пратеничката функција за Груевски кој на 8 ноември треба да се јави во затворот во Шуто Оризари.

Кој ќе седне во пратеничкото место на Груевски?

Согласно пратеничката листа од ВМРО-ДПМНЕ за последните парламентарни избори , во Собрание како пратеник местото на Груевски ќе му го земе Ѓорги Камчев.

Но, тоа ќе се случи, ако , како што спомнавме собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетски прашања одлучи да му се одземе имунитетот на Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e