Кој ќе ги обештети прислушуваните граѓани?

Доколку во судска постапка Специјалното јавно обвинителство докаже дека голем број на граѓани биле таргет на прислушувањето сите поединечно или во форма на групна тужба можат да бараат отштета од државата, велат експертите за 24 Вести.

Тоа автоматски не значи дека државата ќе мора да го плати обесштетувањето. Доколу се утврди дека службено лице од државна инстутуција преку злоупотреба на службената положба го вршело незаконското прислушување тоа ќе треба да го надомести износот за кој е тужена државата.

„Во случајов се работи за повреда на лични права за потешка повреда затоа што личните права неповредливоста и слободата на комуникацијата е право кое е гарантирано со Уставот на РМ и доколку тоа право биде повредено е санкционирано од Кривичниот законик. Како незаконско прислушување од страна на службени лица што е квалификувано дело и носи поголема казна“ – вели Воислав Стојановски, експерт по Кривично право.

„Државата е секако одговорна поради тоа што институциите не ја исполниле својата одговорност за заштита на граѓаните и бидејќи државата сепак дозволила такви луѓе да работат во институциите. Постои одредба во Законот дека таа штета може да се персонализира преку барање на државата за регрес од оној за кој ќе биде утвдено дека одговорен“. – вели Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат.

Обештетувањето треба да биде индивудуално, велат познавачите и ќе зависи од интензитетот на прислушување, целта на прислушувањето за што Судот треба да го определи справедлив надомест на штетата.

„Во секој предмет судот определува што е тоа справедлив надомест. Од што зависо тоа тоа зависи од интензитетот, должината на прислушување, колку долго траело. Не може некој кој бил прилсушуван пократко време и некој кој бил прислушуван подолго време претпоставувам дека судот ќе го земе предвид при определувањето на справедливиот надомест, јачината на душевната болка која што е претрпена. Секој предмет треба да се третира одворно бидејќи секој граѓанин е предмет за себе“. Вели Јошевска Анастасовска.

„Постојат три вида на штета. Материјална, нематеријална односно штета која лицето ја претрпело затоа што било прислушувано а немало да ја претрпи доколку не било прислушувано, на пример изгубен профит или третиот вид на штета за повреда на лични права. Самото тоа доколку државата прислушувала треба да ја исплати државата а понатаму државните правобранители трега да ги гонат они кои го вршеле прислушувањето“. – вели Стојановски.

Секој кој ќе поднесе барање до СЈО и за кого ќе биде утврдено дека е прислушуван влегува во предметот „Таргет“ како оштетен, а може да биде повикан и како сведок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e