Кој ќе биде новиот гувернер – во трка повеќе имиња?

За два месеци истекува мандатот на актуелниот гувернер Димитар Богов, но се уште е неизвесно кој ќе седне на негово место. Во јавноста се вртат неколку имиња за негови наседници, а не се исклучува и можноста Богов да истера уште еден мандат. Тој не одговори на прашањето на телевизија 24 дали има желба и во наредните седум години да биде прв човек на Централната банка.

Освен банкари во јавноста се свртеа и имањата на Зоран Јовановски, поранешен вицепремиер, професорот Ванчо Узунов, кој му е советник на Заев, како и актуелниот заменик министер за економија Кире Наумов.

Како сериозен кандидат се смета и Фатмир Бесими, кој има огромна поддршка од ДУИ. Бесими има искуство, тој во 2004 година беше вицегувернер. Дали сега ќе добие предност пред останатите имиња и дали ќе биде компромисно решение. Бесими не сакаше да коментира.

Предлогот за гувернер го дава претседателот, а го избира парламентарното мнозинство, а според партиските извори Иванов попрво би предложил кадар кој не е близок до СДСМ.

Од кабинетот на претседателот се уште нема информација кога предлогот за иден гувернер ќе биде доставен до Собранието. Велат дека Иванов веќе два месеци се консултира со релевантни фактори од оваа област.

„Претседателот Иванов како и досега, така и во иднина, ќе се води исклучиво од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предлага, со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа многу значајна функција во државата за време на неговиот мандат“ – Република Македонија Претседател

Бидејќи во Уставот и законите не се предвидува временски рок со кој претседателот на државата е обврзан да го достави својот предлог до Собранието, од кабинетот на Иванов велат дека претседателот ќе постапи согласно досегашната практика.

Богов беше избран на 16 март, што значи дека оваа година изборот на идниот гувернер ќе биде подоцна.

Од Народната Банка соопштија дека изборот не се прави по доставена кандидатура.
„Законските одредби не предвидуваат потреба или можност некое правно или физичко лице до Претседателот на државата да достави кандидатура или номинација за вршење на оваа одговорна функција“ – НБРМ

Во 2011, ДУИ не се согласуваше со изборот на Богов и бараа од претседателот да го повлече предлогот доставен до Собранието. Тоа ја раздрма коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
Сега политичките партии молчат.

Новиот гувернер треба да остане независен од власта и да задржи стабилно ниво на денарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e