Можно е во текот на денешниот ден Премиерот Зоран Заев да оствари средба со претседателот Ѓорге Иванов, за да ги усогласат ставовите околу тоа кој ќе биде прифатлив кандидат за гувернер. Ова доаѓа откако Заев обелоденби дека за пратеничката група на СДСМ, Богов не е кандидат што би го прифатиле. Претходно и од ДУИ истакнаа дека Богов за нив е неприфатлив, со што станува речиси извесно дека парламентарното мнозинство нема да гласа за кандидатрот што го предложи Иванов.
„Парламентарната група не го прифаќа Богов за гувернер и веднаш побара средба со Иванов.“ – изјава Зоран Заев.
Од ДУИ го фаворизираат Фатмир Бесими, кој долги години работеше во економските ресори на Владата. Сега е актуелен советник на премиерот. Од ДУИ велат предлогот на Иванов е пребрзо донесен и без претходна консултација со Владата.
„Сакавме во овие моменти кои се тешки за државата сите заљедно да соработуваме во интерес да ги надминеме разликите што ги има.“ – изјави Реџаил Исмаили-ДУИ.
Во однос на тоа дали постои можност да се надминат разликите меѓу власта и опозицијата до 20 мај, кога истекува мандатот на Богов, од опозицијата сметаат дека одговорноста е во парламнетарното мнозинство..
„Тој е компетентно лице, добро ги водеше работите, не заземаше политички страни и сето она што го има зад себе му дава основа за она за што Иванов го предлага“ – изјави Влатко Ѓорчев-ВМРО-ДПМНЕ.
Неодамна гувернерот Богов рече дека очекува парламентарното мнозинство до 20 мај да избере гувернер и Народната банка да не се остави без кормилар, зашто во спротивно може да постои сериозна закана за стабилноста на македонската економија.Богов смета дека треба да се има отворен ум за сите можни комбинации, кои во секој случај треба да завршат со избор на гувернер.
„Ако се има добра волја и се седне да се разговара може да се дојде до најдобриот кандидат, има квалитетни кандидати и покрај нас што сме во фокусот“, вели Димитар Богов – гувернер на НБРМ.
Предлогот за нов гувернер се уште не е ставен на деневен ред на Собранието. Мандатот на Богов завршува на 20 мај. Според Уставот, претседателот на државата е тој кој предлага кандидат за гувернер на НБРМ, по што овој предлог оди на гласање во Собрание-што значи дека главниот збор го имаат пратениците. Останува да се види дали освен Богов и Бесими консултациите во наредните денови може да исфрлат и некое ново име за престижната фунбкција. Гувернер се бира со мандат од 7 години.
Извор: 24ТВ