Кој ќе биде главен преговарач на НАТО со Македонија?

Џејмс Мекеј од одделот за политички и безбедносни прашања во НАТО ќе биде главен претставник на Алијансата во предпристапните преговори со Македонија, пренесува Aлсат .

Инаку, претпристапните преговори со НАТО може да се сметаат како започнати од моментот на добивање на поканата за членство, а се очекува да завршат најдоцна до март 2019 година, до кога Македонија ќе треба да го  финализира договорот со Грција.

Потоа, земјите-членки на НАТО би започнале со ратификацијата на протоколот за пристапување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e