Кој го носи на душа Коста Крпач?

По пресот на СЈО, на кој беше обелоденет случајот „Трезор“, станува јасно дека сведокот (незаштитен) на СЈО Коста Крпач најверојатно е ликвидиран од тие што сакале да го прикријат криминалот со набавките во МВР. Но, тоа мора да се расветли во посебен случај, еден ден , пишува Жарко Јордановски за Слободен печат.

Сега е важно дека пратениците што одбиваат да ги прифатат барањата на СЈО за измени на законот за заштита на сведоците, мора да сфатат дека со својата постапка го носат на душа и Крпач, а можеби и други како него. Тие ги обесхрабруваат сите други што би сакале да соработуваат со законот и да помогнат во борбата со криминалот.

 Е, тоа е предавство на својата држава – да се ставиш во служба на криминалот наместо на законот!

Крајно време е тие пратеници, политичари, новинари, јавни личности и други, што не се замешани во криминал, а учествуваат во оваа валкана игра, на одбрана на ова статус-кво, и крвничка борба против СЈО, да се го чукнат прстот во чело. Да ја разбудат заспаната совест и да се запрашаат што всушност прават, за кого, со какви цели?

Без оглед на сè, СЈО е светла точка на патот кон воспоставување на владеење на правото и законот и затоа мора да се поддржи. Тоа е должност на секој чесен човек во овој момент во Македонија, без разлика на политички убедувања и интереси.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e