Здравствениот систем со одлична динамика го спроведува процесот на масовната имунизација против коронавирусот. Од ден во ден се зголемува темпото на вакцинација во нашата држава, системот функционира доста успешно и без потешкотии. – порача денеска на прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
Освен во Скопје, од оваа недела започна масовната имунизација и во вакциналните пунктови во Тетово, Битола, Кавадарци, Охрди, Штип и Куманово, а се очекува во наредните денови да се отворат вакциналните пунктови за масовна имунизација во Велес и Прилеп.
Досега во нашата држава се вакцинирани над 119.000 граѓани. Од нив 21.890 граѓани се вакцинирани со две дози на вакцини.
Пријавени за вакцинација се вкупно 256.346 граѓани, а интересот за вакцинација се зголемува од ден на ден.
Друг позитивен податок е тоа и дека над 30% од повозрасните граѓани, односно над 70 години се вакцинирани барем со една доза, а оваа бројка секојдневно забрзано расте.
Дека процесот на масовна имунизација се одвива одлично покажуваат и вчерашните податоци, каде само за еден ден се вакцинирани 13.725 граѓани.
Пријавувајте се за вакцинација, бидејќи само на тој начин можеме да ставиме крај на оваа Пандемија и да се вратиме на старите навики во нашите животи. Секој човек треба да биде одоговрен и сите заедно да придонесеме да ставиме крај на коронавирусот.
Сите вакцини се безбедени, нема контра индикации и нема никакви последици од вакцините надвор од оние очекувани реакции кои се незабележителни.
Само со масовна имунизација ќе изградиме колективен имунитет и ќе го победиме коронавирусот. – рече Коциќ.
Владата предводена од СДСМ, институциите, продолжуваат со вистинска грижа за граѓаните и нивното здравје.