Клиника „Жан Митрев”: Продолжува соработката со Министерство за здравство, моделот за детска кардиохирургија се одвива без застој

Клиниката „Жан Митрев” пред дваесетина години го потпиша првиот договор со Фондот за здравствено осигурување за кардиоваскуларна хирургија и оттогаш во континуитет се изведуваат сите видови кардиоваскуларни операции. Досега се третирани над 1.000 вродени срцеви маани кај возрасни и кај деца и бебиња. Моделот за детска кардиохирургија во рамки на Клиниката се одвива без застој. Пред неколку денови успешно беше изведена една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај новородени, соопштија од таа здравствена установа.

Посочуваат дека прават планови за оперативен третман за уште 20-тина деца во наредните неколку недели.

– Соработката со Министерството за здравство продолжува и понатаму. Нашата посветеност кон моделот останува наша главна мотивација, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e