Ќерќата на Фадиљ Фејзулахи во видео изготвено од порталот Алмакос го обвинува лидерот на ДУИ , Али Ахмети дека тој со својата група го организирал случајот „Диво Насеље“. Тврди дека нејзиниот татко не е терорист а за настаните во Куманово не се виновни осудените туку лидерот на ДУИ.
Таа во видеото вели дека Ахмети не треба да заборава дека албанските земји сеуште имаат многу жени како Шота Галица.
Шота Галица родена во 1895 година како Ќериме Халил Радишева била Качак и албански востаник против српските власти на Косово во периодот меѓу 1912 до 1921 година по што до крајот на животот живеела во Албанија каде умрела во 1927 година.
Видеото може да се гледа на Фејсбук страната на Газета Лајм
https://www.facebook.com/gazetalajme/videos/1313110402128166/